Актуелниот шампион на АБА-лигата, тимот на Црвена Звезда, забележа пораз во првиот меч од финалната серија во јадранското натпреварување. Будуќност, предводен од поранешниот македонски селектор Џикиќ, успеа да слави со 76-80 и поведе со 1-0 во серијата која се игра до три победи. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ не беше во составот на Црвена Звезда на овој дуел.
Уште на самиот старт црногорскиот тим поведе со 0-7 и најави дека е подготвен за изненадување. Првиот период Будуќност го доби со 22-26, а Црвена Звезда возврати во втората четвртина и на полувреме замина со еден поен предност.
Но, третиот период повторно им припадна на гостите (19-26), по што Црвена Звезда немаше вистински одговор. Никола Ивановиќ со 20 поени беше предводник во тимот на Будуќност на овој меч, а Немања Гордиќ уфрли 18 кошеви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА