Валверде: Во Рим одиме како да е 0-0!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде вели дека неговата екипа на престојниот реванш од четвртфиналето во ЛШ против Рома оди како да е 0-0 од првиот меч.

„Не смееме да мислиме дека веќе сме во полуфиналето. Тоа би било голема грешка… Имаме добар резултат, имаме предност, но мора да играме како да е 0-0“ – вели Валверде.

Барселона триумфираше со 4-1 против Рома во првиот натпревар, а реваншот е утре во Рим…

„Лошо ќе биде ако мислиме дека тие не можат да се натпреваруваат со нас. Премногу самодоверба може многу да не чини. Нема да биде лесно. Имаме квалитет секако, но ќе треба повторно сето тоа да го докажеме на терен“ – истакнува стратегот на каталонскиот тим.

Се вчитува...