„Златните“ Словенци незадоволни: Србите добија по 20.000 евра за сребро, а ние вкупно 67.000?!

Поминаа седум месеци откако кошаркарската репрезентација на Словенија стигна до историското злато на Евробаскетот 2017 година. Седум месеци после големата победа над Србија во просториите на европскиот првак бруи незадоволство за добиениот бонус.

Кошаркарите кои ја донесоа најголемата спортска радост на Словенија одлучија да се обратат преку писмо до премиерот на државата Миро Церар, со цел да добијат повеќе пари како награда за освојување на континенталното злато. Имено, словенечкиот состав доби вкупно 67.000 евра како награда од својата земја за остварениот успех, додека нивните противници од финалето, селекцијата на Србија, односно секој играч поединечно доби по 20.000 евра. Како за пример го зедоа и бонусот кој го добија кошаркарите на Шпанија со освоената бронза, по 30.000 евра за секој репрезентативец.

Како потписник на писмото во име на играчите е најискусниот член Саша Загорац. Сите се прашуваат зошто Церар не го исполни ветувањето кое го даде на репрезентацијата, во кое беше нагласено дека богато ќе бидат наградени.

„Сите членови на кошаркарската репрезентација кои во септември се вратија дома со злато околу вратот, сметаат дека заслужиле далеку поголема награда поради остварениот успех, а не само 67.000 евра за цел тим. Не интересира дали владата на Република Словенија ќе реагира и ќе го реши проблемот околу наградите. Доколку се одлучат за такво нешто, не интересира кога би биле тие пари исплатени. Ние сме играчи од принципи и не се врти се околу парите“, пишува во писмото на Саша Загорац, поддржано од сите репрезентативци на Словенија.

 

 

Се вчитува...