Црвена Звезда го совлада Будуќност со 69-59 на домашен терен и израмни на 1-1 во финалната серија од АБА-лигата која се игра до три победи. Домашните кошаркари го издржаа психолошкиот товар и одговорија адекватно по поразот на првиот меч. И на овој дуел Перо Антиќ не беше во составот на Црвена Звезда.
Првиот период го добија „црвено-белите“ со 17-13, но возврати со идентична разлика Будуќност, па на одмор се замина со нерешени 31-31. Неизвесно беше и по 30 минути игра, а црногорскиот тим имаше предност од еден поен (47-48). Но, кошаркарите на Црвена Звезда подобро го одиграа решавачкиот последен период од средбата, и на крајот стигнаа до првата победа во финалната серија.
Ален Омиќ со 15 поени беше најефикасен во составот на Црвена Звезда, а Тејлор Рочести постигна 11 поени. Немања Гордиќ од редовите на Будуќност беше убедливо најефикасен на натпреварот со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА