Пеп Гвардиола е тренер што освоил се што може да се освои, стратег кој со Манчестер сити доминираше во фудбалска Англија и во ЛШ – се додека не излезе на мегдан со Ливерпул.
„Црвените“ во јануари ја прекинаа серијата без пораз на Сити што траеше од стартот на премиерлигашката сезона, за сега Клоп уште два пати да го совлада каталонскиот стратег во Лигата на шампионите.
Со тоа, Ливерпул стана првиот тим што успеал да слави три пати против Пеп Гвардиола во една иста натпреварувачка сезона. Доволна причина за кошмари за трофејниот стручњак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА