Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста, последните моменти од синоќешниот пораз (3-0) и елиминација во ЛШ ги дочека на клупата за резерви. Тој беше повлечен од игра во 81.минута, а крајот го дочека со замислен поглед. Дали беше тоа неговиот последен меч во дресот на Барселона во Лигата на шампионите?!
Раководството на каталонскиот клуб му даде понуда за нов договор, а тој треба да одговори до 30.април. Сепак, многу поверојатно е дека на крајот од сезоната ќе го напушти „Камп Ноу“ и крајот од кариерата ќе го дочека во Кина, Катар или во МЛС – лигата на САД. Големиот фудбалски мајстор сепак не може да го издржи пеколното темпо на настапи кое го наметнува дресот на Барса. И ова најверојатно беше неговиот последен настап во ЛШ. Одигра 130 натпревари и постигна 11 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА