Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ во текот на утрешниот ден треба да замине на операција на прстот на раката, откако заработил скршеница на синоќешниот меч против Рома на „Олимпико“, во реванш четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите. Барселона доживеа шокантна елиминација од италијанскиот претставник откако загуби со 3-0, а ова е уште еден проблем за тренерот Ернесто Валверде.
Лекарскиот тим на Барселона се надева дека Ракитиќ ќе може да настапи во финалето на Купот на Шпанија против Севилја, на 21.април. Тој сигурно нема да биде во комбинација за првенствените мечеви против Валенсија в сабота и против Селта во Виго наредниот вторник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА