Вистинска драма на реванш натпреварот од полуфиналето во Купот на Македонија меѓу Академија Пандев и Пелистер во Турново.
Откако се чинеше дека „пандевци“ се во безизлезна ситуација по оние 0-1 од 61. минута, сепак со голот на нововлезениот Марио Крстовски во 90. минута Академија Пандев стигна до комплетен пресврт и водство од 2-1. На тој начин струмичани ги израмнија оние 2-1 за Пелистер од првата средба во Битола…
Па, по идентичната победа од 2-1 на крајот за Академија Пандев, пенал-рулетот ќе го даде вториот финалист од Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА