Ова е лудо – На Навас му се тресат рацете, Јуве води со 0-3

Кој само можеше да претпостави – Јувентус по само 60 минути игра на „Сантијаго Бернабеу“ има водство од 0-3, анулирајќи ја предноста што се чинеше недостижна по убедливата победа на Реал Мадрид на првиот меч во Торино.

Зидан на полувреме во игра ги внесе Асенсио и Васкез на местото на Кашемиро и на Бејл, но проблемот е во одбраната на чело со Кејлор Навас. Токму Костариканецот е главен виновник за третиот гол на „старата дама“, откако ја испушти топката по еден центаршут, на вистинско место се најде Матуиди, кој потоа немаше тешка задача да ја смести во празната мрежа.

Се вчитува...