Пенал за кој уште долго ќе се говори – беше ли во право судијата Оливер?

Реал Мадрид на контроверзен начин си обезбеди место меѓу четирите најдобри клубови во Европа, со пенал во 97. минута намалувајќи ја победата на Јувентус на 1-3, доволно за елиминација на италијанскиот првак од елитното европско натпреварување.

Во последните моменти од средбата Роналдо ја спушти топката за Васкез, а врз него стартуваше Бенатија. Контакт постоеше, но исто така е факт дека и Васкез инсистираше на такво нешто, чекајќи допир на противникот. Судијата Оливер наседна и покажа на белата точка, попусти беа протестите на гостите, а жално е што Џанлуиџи Буфон својата блескава европска кариера ја заврши со црвен картон.

Дали судијата Оливер беше во право, проценете самите…

Се вчитува...