Шкендија е на пат сезонава да стигне до двојната круна на македонската фудбалска сцена откако се пласираше во финалето од Купот на Македонија по победата од 0-2 на реванш полуфиналната средба против Ренова.
Стратегот на тетовци, Ќатип Османи верува дека неговиот тим е подготвен сезонава да стигне до двојната круна…
„Бевме подготвени дека овој натпревар против Ренова воопшто нема да биде еднаков како оној првенствениот кога славевме со 5-0. Имавме негативен резултат по првата средба и мораше да нападнеме. Сепак, противникот ја умртви играта во првиот дел и тешко доаѓавме до можности. Раниот гол на почетокот од вториот дел потоа ни овозможи да дојдеме до целта. Се разбира дека сме задоволни со пласманот во финалето и сигурно ќе се потрудиме да стигнеме и до трофејот во Купот… Лично јас многу го посакувам трофејот во Купот затоа што тоа е единствениот кој ми недостига во досегашната кариера во Македонија. Шкендија има квалитет да стигне до двојната круна“ – вели Османи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА