Малку кој очекуваше, по сите оние зимски случувања, дека Пелистер ќе има повеќе од респектабилна улога на домашната фудбалска сцена пролетва.
Но, „зелените“ успеаја сега под водство на Марјан Секуловски, кој беспрекорно го води „крпениот“ тим, да се доведат во ситуација да се борат и за одбрана на трофејот во Купот на Македонија. По изведувањето на пеналите против Академија Пандев, битолчани обезбедија финале со Шкендија и битка и за европски излез…
„Овие момци навистина имаат срце и затоа се наградени и со финалето во Купот. Успеавме да ги надминеме и сите несакани проблеми изминативе денови и сосема заслужено обезбедивме пласман во финалето. Беше тежок натпревар против Академија Пандев, како и што очекувавме. На крајот ете и среќата ги посака храбрите, па кога ќе се сумираат сите 180 минути може да заокружиме дека мудро ја одработивме задачата за второ едноподруго финале во најмасовното домашно клупско натпреварување“ – вели Секуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА