Оваа сезона е последна за Панатинаикос во Евролигата откако сопственикот на „зелените“ од Атина, Димитрис Јанакопулос, донел одлука да го напушти одбраното европско кошаркарско друштво. Тој во текот на сезонава неколку пати влегуваше во конфликт со челниците на Евролигата, но и со раководството на ривалските клубови, па се закани дека ќе го напушти натпреварувањето доколку не бидат прифатени неговите барања.
Денеска имаше состанок на клубовите и на раководството на елитното европско натпреварување, на кој ниту еден од предлозите на Јанакопулос не доби зелено светло.
Како што јавуваат грчките медиуми, тој бесен си заминал од средбата, по што на својот инстаграм профил објавил фотографија од логото на ФИБА, со слоганот „Ние сме кошарка“, како јасна порака дека планира ПАО во новата сезона да биде дел од натпреварувањата на светската и европската куќа на кошарката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА