Куртоа одлучи: Во јуни од Челси во ПСЖ!?

Белгискиот голман Тибо Куртоа одлучи ова лето да го напушти Челси. Како што пренесуваат француските медиуми, ПСЖ успешно ги завршил преговорите со белгискиот голман околу трансферот во јуни, па сега се чека одговорот од Челси.

25-годишниот Куртоа со „сините“ е врзан под договор до 2019 година. Сепак, преговорите за продолжување на соработката запреа откако Белгиецот и дефинитивно одлучил да го напушти Лондон и да се пресели во Париз.

Но, и покрај договорот на Куртоа со ПСЖ, раководството на Челси наводно нема намера да го пушти така лесно својот голман. Куртоа на „Стемфорд бриџ“ е од 2011 година. Три години беше на позајмица во Атлетико Мадрид, а од 2014 година е стандардна „единица“ на англискиот премиерлигаш.

Се вчитува...