Главните фаворити за освојување на трофејот во Лигата на Европа ќе играат еден против друг во полуфиналето. Атлетико Мадрид ќе се пресмета против Арсенал, а Олимпик Марсеј ќе ги одмери силите против Салцбург, во полуфиналните натпревари од Лигата на Европа. Ова го донесе денешниот ждреб на УЕФА.
Првите мечеви ќе се играат на 26.април, а седум дена подоцна се реваншите. Финалето е во Лион, на 16.мај.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/2 – ФИНАЛЕ
ОЛИМПИК МАРСЕЈ – САЛЦБУРГ
АТЛЕТИКО МАДРИД – АРСЕНАЛ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА