Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид ќе биде без напаѓачот Диего Коста во наредните дваесетина дена. Тој заработи повреда на бутниот мускул на левата нога на вчерашниот реванш меч од четвртфиналето на Лигата на Европа против Спортинг Лисабон и најверојатно ќе ја пропушти полуфиналната пресметка со Арсенал во ова натпреварување. Покрај тоа, Диего Коста нема да може да им помогне на соиграчите во финишот од сезоната во Ла Лига.
Диего Коста заработи повреда во 61.минута од дуелот со Спортинг Лисабон и веднаш беше повлечен од игра. Денешните лекарски прегледи покажаа дека повредата на бутниот мускул е сериозна и дека тој ќе паузира најмалку три седмици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА