Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години славеше против домашната селекција на БиХ по изведувањето на пеналите на УЕФА развојниот турнир кој се игра во Сараево.
По триумфот од 2-0 против Азербејџан во првото коло, избраниците на Марио Вујовиќ денеска славеа со 2-1 по пеналите против БиХ откако во регуларниот дел дуелот заврши без голови.
Македонија беше подобар противник од домаќините но Аврамовски и Иван Николов не искористија неколку убави можности, пред се во првото полувреме. Головите од пенал за Македонија ги постигнаа Спасе Терзиев и Васко Иванов.
Во последното коло на турнирот, в недела Македонија во битката за првото место ќе игра против соодветната репрезентација на Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА