ЕКИПА во Самоков,
Стеван Цаневски, Роберт Спасовски
Блокотехна со два порази го заврши својот премиерен настап на Ф4 турнирите во дебитантската сезона на клубот од Гевгелија. Тимот на Марјан Илиевски покажа добра кошарка, но за жал немаше сили против објективните (повредите) и субјективните (судиите) фактори за да оствари уште подобар резултат во БИБЛ-лигата.
Повредите оставија силен траг врз играта, Бенџамин денеска воопшто не влезе на терен, а рековалесцентот Ѓуроски прерано беше испратен во соблекувалните од страна на судиите.
Фрустрациите поради неправдите од страна на арбитрите уште од првиот ден беа очигледни кај македонските кошаркари, пред самиот крај исклучен беше и Младеновиќ. Останува само да се научи лекцијата, неправдите да го направат овој млад клуб посилен за во иднина да остварува уште подобри резултати.
Што се однесува до БИБЛ, очигледно е зошто оваа лига губи и на квалитет и на кредибилитет, па од сезона во сезона и бројот на екипи од Македонија со право е се помал, не сакајќи да бидат дел од „шемите“ во едно вакво приватно натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА