ФОТОГАЛЕРИЈА: Дојде Ѓоре, го запре и Скопје….!

Два натпревари и две победи за Работнички под водство на поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски… Тимот од Дебар маало сега и тоа како ги активира надежите за европски излез и по крајот на оваа сезона.

Ниту една екипа пролетва не успеа да слави против Скопје, се до денеска кога „романтичарите“ под водство на „стариот лисец“ ја запреа серијата од осум едноподруго натпревари без пораз на тимот од Автокоманда. Стојанче Велинов во 81. минута донесе триумф за Работнички по кој „романтичарите“ сега се на само шест бода од третопласираниот Силекс…

 

 

Се вчитува...