Кадетската репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години загуби од Хрватска со 0-2 во последниот натпревар на УЕФА развојниот турнир кој изминативе денови се одржуваше во БиХ.
На тој начин, избраниците на Марио Вујовиќ на крајот го освоија второто место на турнирот во конкуренција уште и на селекциите на домаќинот БиХ и на Азербејџан.
Првото место на турнирот го освои Хрватска, додека како трета заврши селекцијата на БиХ која денеска славеше против Азербејџан со 3-2. Македонија претходно ги совлада Азербејџан со 2-0 и репрезентацијата на БиХ по изведувањето на пеналите со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА