Реал Мадрид и без неколкумина стандардни првотимци, на кои Зинедин Зидан им даде одмор, успеа да ја совлада Малага на гости со 1-2 и се искачи на третата позиција во Ла Лига. Сега „кралевите“ имаат 15 бода негатива во однос на лидерот Барселона, а зад себе ја оставија Валенсија.
Иско Аларкон во 29.минута, во отсуство на Кристијано Роналдо, на одличен начин изведе слободен удар и ги донесе „кралевите“ во водство. Во 63.минута, Кашемиро беше стрелец на вториот гол за Реал Мадрид на оваа средба, а во завршницата Ролан го постигна почесниот погодок за Малага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА