Македонската Фед-Куп репрезентација од утре ги започнува настапите на Фед Куп натпреварите во 2018 година на турнирот во Гамарт, Тунис.
Македонија, која е на 75. место според светскиот ранг, ќе игра во Групата А во Тунис заедно со првиот носител Литванија (ранг 65), како и селекциите на Ерменија (ранг 90) и Исланд (ранг 103). Македонската женска тениска репрезентација е второрангирана во групата па првиот натпревар го игра со репрезентацијата на Ерменија.
Фед-куп селекцијата во Тунис ќе биде во следниот состав: Катарина Маринковиќ, Ана Ристевска, Јана Таневска и Марија Еленова, под водство на селекторот и капитен Димитар Лабудовиќ. Поради повреда дел од националниот тим не е најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа.
Во групата Б се 5пет репрезентации: Кипар (ранг 73), Тунис (ранг 86), Алжир (ранг 89), Косово (ранг 96) и Мадагаскар (ранг 91).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА