Монако синоќа на брутален начин беше приморан да ја предаде шампионската круна на Пари Сен Жермен, откако загуби на „Паркот на принцовите“ со убедливи 7-1. Раководството на клубот, во знак на извинување кон фановите, одлучи да им ги врати парите на своите навивачи кои допатуваа во Париз да му дадат поддршка на тимот.
„Ова е за нас катастрофално сценарио. Ниту во најлош сон не можевме да замислиме дека ќе загубиме со таков резултат во дербито. Единствена светла точка беа нашите фанови кои дојдоа во Париз да го бодрат тимот. Ќе направиме се за да ги направиме горди на следниот меч, а комплетно ќе ги подмириме нивните трошоци за ова гостување, во знак на извинување“, изјави потпретседателот на Монако, Вадим Васиљев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА