Темелковски: Кому не му одговара публицитетот на кошарката?

Спортскиот директор на Македонската Кошаркарска Федерација, Владимир Темелковски, не го крие разочарувањето од одлуката на КК Работнички одложеното дерби да се игра во термин што не одговара за директен ТВ пренос. Имено, МТВ излегла во пресрет и понудила два термини за мечот да може да оди во живо на првата програма од националниот сервис, во 17.45 часот или во 20.15 часот, но Работнички како домаќин сепак го избрал 19 часот како термин за почеток на дербито, во салата во Гостивар.

„Крајно сме разочарани од одлуката на КК Работнички да ги одбие двата термини за директен пренос што крајно коректно ни беа понудени од страна на МТВ. Во тој период се очекуваше гледаност меѓу 80.000 и 100.000 лица, но наместо тоа Работнички реши мечот да го игра во тајминг за кој не може да биде обезбеден теремин. Искрено, не разбираме на кого не му одговара кошарката да има позитивен публицитет и кои се скриените мотиви за едни вакви одлуки. Штета е при најголемото спортско дерби да се случува ваков циркус“ – истакнува Темелковски.

Се вчитува...