Седумкратниот олимписки шампион и светски рекордер на 100 метри и на 200 метри, Усаин Болт, изрази разочарување од резултатот на штафетата на Јамајка 4 х 100 метри на Игрите на Комонвелтот во Голд Коуст, Австралија. Јамајка го освои бронзениот медал, завршувајќи зад штафетите на Велика Британија и на Јужна Африка.
Усаин Болт (31) дури и се пошегува со неуспехот на тимот.
„Можеби премногу рано ја завршив кариерата? Откако ја гледав трката, си поставив многу прашања. Како и да е – Јамајка засекогаш!“ – напиша Болт на Твитер.
Натпреварувачите од Јамајка на Игрите на Комонвелтот не освоија ниеден златен медал. Атлетичарите имаа бронза во штафетата и бронза за Јохан Блејк на 100 метри, а атлетичарките освоија три сребрени и два златни медали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА