Цепелин за крај: Караџовски до Еванс – за точка на дербито (ВИДЕО)

МЗТ Скопје три четвртини играше одлично и целосно парираше, но кога беше најважно контролата ја презеде Работнички. „Црвено-белите“ одиграа беспрекорна последна четвртина во која блескаше Еванс, Американецот кој последен пристигна во „Градски парк“ пред самото затворање на преодниот рок.

Токму тој стави точка на дербито – со цепелин на асистенција на Димитар Караџовски, како најава дека двете најнови засилувања ќе бидат од голема корист на Марин Докузовски во битката за титулата.

 

Се вчитува...