Од Русија често доаѓаат сцени на навивачко лудли во разни облици, но ваков потег се уште досега не беше виден. Колку и да звучи бизарно, еден навивач од трибините на стадионот на теренот фрли жив петел.
Рускиот второлигаш Луч Енергија Владивосток во неделата одигра натпревар на гости против ФЦ Факел, а од се што се случи на теренот најголемо внимание привлече бизарниот потег на навивачот кој фрли жив петел кон клупата и тренерот на гостите, Александар Григорјан.
Навивачот на гостите сето тоа го направил во знак на протест против тренерот на својот тим. Потоа и останатите гостински навивачи му се придружиле во протестите кон тренерот на Луч Енергија. Инаку, во рускиот жаргон петел се користи најчесто за „предавник“ што донекаде ја објаснува симболиката на овој гест на навивачите.
По мечот Григорјан истакна дека веќе подолго време се наоѓа на мета на разноразни закани и навреди, па веќе се преземени законски мерки против организаторот на „инцидентот со петелот“ на кого сега му се заканува затворска казна и од еден месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА