Кошаркарите на Блокотехна продолжуваат со пеколниот распоред на натпреварите, па по двата дуели на Ф4 турнирот од БИБЛ-лигата денеска се враќа на суперлигашките обврски. Избраниците на Марјан Илиевски со почеток во 18.30 часот ќе го пречекаат Куманово, еден од двата тима (заедно со Работнички) против кого немаат победа сезонава.
Кумановци најпрвин славеа на домашен терен со 92-79, а минатиот месец триумфираа и во Гевгелија со 77-83, мотив повеќе за играчите на Блокотехна да прикажат добра игра и да триумфираат над избраниците на Александар Петровиќ.
„Серијата тешки средби продолжува. Немавме многу време за подготовки по враќањето од Бугарија, но се надевам дека ќе одиграме квалитетно и ќе забележиме нова победа“ – изјави Марјан Илиевски во пресрет на денешниот дуел.
Раководството на клубот од Гевгелија обезбеди интернет-пренос, за кошаркарските љубители да можат во живо да ги проследат возбудувања од овој натпревар на ОВОЈ ЛИНК .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА