Фед Куп: Пораз од Ерменија на стартот од натпреварите во Тунис

Македонската Фед Куп репрезентација со пораз од Ерменија ги стартуваше натпреварите во Третата група на турнирот кој се игра во Гамарт, Тунис.

Македонија ги загуби двата натпревари во поединечна конкуренција. Најпрво, Марија Еленова загуби во три сета од Ана Мовсисјан со 6-3,2-6,1-6. Во вториот меч, Катарина Маринковиќ загуби во два сета од Ани Амирагјан во два сета со 1-6,3-6. Па, сега мечот во двојки ќе нема никакво значење околу победникот во ова прво коло.

Македонија на турнирот е во група уште со селекциите на Литванија и на Исланд.

Се вчитува...