Истрага против Маркос Алонсо, следи суспензија од три меча?

Челси најверојатно во следните три натпревари ќе мора да се снаоѓа без помошта на Маркос Алонсо, откако ФА денеска отвори дисциплинска постапка против левиот бек на лондонскиот клуб. Причината е грубиот старт на Алонсо врз Шејн Лонг што не беше забележан од страна на судијата, па дисциплинската комисија по прегледување на снимката реши да покрене постапка за насилничко однесување.

Шпанецот има рок до утре да одговори дали се изјаснува виновен по обвинението, по што ќе биде донесена и одлука за висината на казната. Признавањето на вината би повлекло автоматска суспензија од три натпревари, што би значело дека Алонсо нема да настапи на следните дуели од Премиер-лигата со Барнли и со Свонси, како и на полуфиналето од ФА Купот против екипата на Саутемптон.

Доколку тој реши да се изјасни за невин ќе следи дополнително разгледување на аргументите, но можна е и уште повисока казна што би била изречена од страна на комисијата.

Се вчитува...