ЦАС пресуди: Нема забрана за трансфери за Манчестер сити

Пеп Гвардиола може да здивне откако ЦАС денеска донесе пресуда во корист на Манчестер сити во случајот „Бенџамин Гаре“, што значи дека новиот англиски првак нема да добие забрана за трансфери.

Стануваше збор за случај во кој аргентинскиот клуб Велез Сарсфилд се жалеше на потписот на тогаш 16-годишниот Гаре за Манчестер сити. ФИФА даде зелено светло, но Велез реши да се жали во спортскиот суд со надеж дека одлуката ќе биде променета

Доколку беше утврдена нерегуларност при потписот со тинејџерот тоа според новите правила ќе значеше и автоматска забрана за трансфери во најмалку еден преоден рок, но ЦАС утврди дека „граѓаните“ ги почитувале правилата и ангажманот на младиот Аргентинецот е апсолутен согласно правилата и законите.

Ова значи дека Гвардиола ќе има над 100 милиони фунти за трошење во текот на летово, а на врвот на листата со желби се наоѓаат Вилфред Заха, Тијаго Алкантара, Фред…

Се вчитува...