Кошаркарите на Блокотехна убедливо го совладаа Куманово со 103-77, во последниот натпревар од четвртото коло во Суперлигата. По израмнетите први две четвртини, избраниците на Марјан Илиевски комплетно го разбија противникот во продолжението и славеа заслужен триумф.
Блокотехна го доби првиот период со 27-21, а на полувреме замина со предност од само два поени (46-44). Кумановци поведоа со 54-58, но потоа домашните кошаркари додадоа гас и на крајот стигнаа до победа со двоцифрена разлика.
Бенџамин Двејн постигна 22 поени, а Седрик Боувен еден поен помалку во победничкиот тим. Данило Мијатовиќ зад своето име запиша 20 поени. Кај кумановци, Бобан Стајиќ со 17 кошеви беше најдобар поединец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА