Панатинаикос води војна со сите во Евролигата, но тоа беше само мотив повеќе за „зелените“ од Атина вечерва да го понижат Реал Мадрид, декласирајќи ги „кралевите“ во првиот четвртфинален натпревар со преубедливи 95-67.
Грчкиот гигант одигра извонреден меч, уште во првата четвртина постигна двојно повеќе поени од противникот (26-13), а во третиот период го дотолчи Реал, добивајќи го овој дел од мечот со 31-14. „Кралевите“ немаа одговор за извонредниот напад на ПАО, па останува да се види дали тренерот Ласо ќе успее да смисли нешто барем за вториот меч, со оглед на фактот дека Реал мора да најде начин да победи во Атина ако сака да се пласира на фајналфор.
Ник Калатес беше неверојатен вечерва, реализирајќи 11 поени и 16 асистенции за само 25 минути игра, воопшто не влегувајќи во последната четвртина. Најефикасен беше Мајк Џејмс со 24 поени, додека прв стрелец на Реал Мадрид при денешниот пораз беше Томпкинс со 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА