Јован Костовски со нов гол во белгискиот шампионат

Македонскиот фудбалски интернационалец Јован Костовски продолжува со добри во првенството на Белгија. Тој беше стрелец на гол за својот тим Леувен во поразот (2-1) од Кортријк на гостински терен. На овој меч Костовски доби шанса да игра од самиот старт на натпреварот и успеа да се запише меѓу стрелците во 46.минута од средбата.

Кортријк двата гола ги постигна од пенал, а реализатор беше Теди Шевалие.

Во Групата А од плејофот за обезбедување пласман во Лигата на Европа следната сезона, Леувен во моментот се наоѓа на четвртата позиција.

Се вчитува...