Тотенхем се испоти за еден бод против Брајтон

Тотенхем втор натпревар по ред не успеа да стигне до цел плен во Премиер-лигата, по вечерашното реми што „спарси“ го одиграа на гостувањето против Брајтон (1-1). Падот во формата по поразот од Манчестер сити беше и повеќе од очигледен, лондонскиот тим многу тешко создаваше шанси за гол, не успевајќи да го наметне своето препознатливо темпо.

И со променлива игра Тотенхем прв поведе со голот на Кејн, но само 18 секунди откако тргнаа од центарот домаќините добија пенал за стартот на Орие во шеснаесетникот на „спарси“. Грос беше прецизен изведувач на пеналот за 1-1, што се покажа како конечен резултат, откако Тотенхем и покрај обидите не успеа да постигне втор погодок.

Следен предизвик за „спарси“ е саботниот дуел од полуфиналето на ФА Купот, во кој на „Вембли“ ќе се ссретнат со Манчестер јунајтед.

Се вчитува...