Рафаел Надал очекувано лесно го почна својот настап на Мастерс-турнирот во Монте Карло, совладувајќи го Словенецот Бедене со 2-0 во сетови. Прворангираниот светски тенисер важи за експерт кога станува збор за настапите на земјена подлога, па јасно беше дека Бедене нема речиси никакви шанси за сензација. Надал не одигра на 100% од своите можности, но сепак рутински славеше со 6-1, 6-3, лесно пласирајќи се во третата рунда. Негов следен противник ќе биде Качанов, кој денеска славеше со 2-0 на дуелот со Жил Симон од Франција.
За првпат по подолга пауза две победи во серија врза и Новак Ѓоковиќ, кој попладнево триумфираше над Борна Чориќ од Хрватска со 7-6, 7-5. Ѓоковиќ го доби првиот сет во тајбрејк со 7-2, веднаш потоа направи брејк на стартот од вториот сет, но му дозволи на ривалот да се врати во мечот. Во суперинтересен финиш Србинот пропушти девет меч-топки за да ја искористи десеттата и да обезбеди пласман во третото коло, каде ќе се сретне со Доминик Тием од Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА