Екипата на Струмица од коло во коло е се поблизу до испаѓање од кошаркарската елита, откако струмичани денеска претрпеа уште еден пораз во плејаут-лигата, овојпат на домашен терен од Пелистер со убедливи 63-83. Битолчани водеа цел натпревар и заслужено славеа, уште еднаш покажувајќи дека заслужуваат и во следната сезона да бидат дел од Првата лига. Роберт со 32 поени беше прв стрелец кај победничката екипа.
Многу значајна победа забележа Шкупи, кој во директна битка за опстанок го совлада тимот на Карпош соколи со 100-85. Беспрекорната игра во нападот му ја донесе победата на тренерот Мифтари, во чија екипа најефикасни беа Рид со 25 и Догбо и Адегоке со по 19 поени.
Со добри игри продолжи и Кожув, кој игра одлично во финишот од регуларниот дел од сезоната и во плејаут натпреварувањето. Кошаркарите на Кожув вечерва славеа над Фени индустри со 93-84, добивајќи ја првата четвртина со 26-18 и потоа контролирајќи го резултатот во поголемиот дел од мечот. Искусниот Пековиќ со 27 поени беше најефикасен во редовите на победникот, каде одлична игра покажа и Апостолов, реализирајќи 24 поени и осум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА