Жалгирис приреди огромно изненадување во четвртфиналето од Евролигата, на гостински терен совладувајќи го тимот на Олимпијакос со 78-87, и тоа по продолжение од пет минути.
„Црвено-белите“ извонредно го стартуваа натпреварот и уште во првата четвртина стигнаа до одлична предност од 23-8. Жалгирис не се предаде, па како што минуваше времето така гостите од Литванија ја намалуваа предноста на домашниот тим. Пред самиот крај избраниците на Јасикевичиус поведоа со три поени разлика, но Спанулис погоди тројка во последната минута и го одведе мечот во продолжение.
Таму доминираше Жалгирис, добивајќи ги дополнителните пет минути до 6-15 и заслужено доаѓајќи до водство на стартот од оваа четвртфинална серија.
Дејвис со 21 поен беше најефикасен кај победничкиот тим, еден помалку постигна плејмејкерот Пангос, додека на Олимпијакос не му помогнаа ниту 25-те поени на капитенот Спанулис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА