Првиот светски рекет, Рафаел Надал го „пецна“ својот ривал, Роџер Федерер дека одбегнува да игра против него на земја.
Федерер одлучи повторно да ја прескокне сезоната на земјени терени и така го откажа и својот потенцијален дуел со Рафаел Надал на Ролан Гарос. Иако, пред извесно време Швајцарецот најави дека сака да ги одмерат силите со Надал во пет сета.
„Јас се уште мислам дека тој е најдобар играч на земја и дека тој секогаш ќе биде најдобар во историјата на оваа подлога. Но, би сакал да играм против Рафа на оваа подлога во пет сета“– изјави неодмана Роџер Федерер.
Неколку дена после тоа, Швајцарецот одлучи да ја прскокне целата сезона на земја. Повлекувањето на Федерер се поклопува со враќањето на Рафаел Надал после повредата. Но, Федерер вели дека неговата одлука не е поврзана со тоа кој игра, а кој не.
„Настапот зависи од тоа што сакам да направам, како да ја избегнам повредата, што ми вели мојата глава дека треба да направам. Не зависи од присуството или отсуството на Рафа или на Новак“- истакна Роџер Федерер.
Но, Надал не е убеден во неговите зборови, па се пошегува со Федерер дека е „малку контрадикторен“.
„Тој рече дека би сакал да се сретне со мене, да одиграме меч на земја во пет сета. Помислив дека ќе игра на Ролан Гарос. Два дена потоа, Федерер изјави дека нема да игра на змеја. Можеби малку контрадикторно…“ – забележува Надал.
Роџер Федерер и Рафаел Надал досега имаат одиграно 13 меча на земја, а на 11 од нив победник бил Шпанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА