Македонската репрезентација во традиционално карате од утре па до 22. април ќе настапи на обединетиот Балкански карате шампионат во Тарговиште, Романија.
Македонската експедиција во Романија ќе брои девет члена предводена од селекторот на репрезентацијата Венцислав Недев.
Во селекцијата ќе бидат каратистите Дејан Недев, Аљоша Недев, Матеј Ангеловски, Петар Костов, Димитар Витанов, Јана Милевска и Берта Милевска, како и судијата Ристо Сакалиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА