Пари Сен Жермен ја освои шампионската титула во Франција, може да стигне и до тројна круна на домашна сцена, но доживеа рана елиминација во Лигата на шампионите. Тоа не ги прави задоволни челниците на клубот кои имаат амбиции со „светците“ да ја покорат Европа. Токму затоа, ПСЖ ќе тргне по нови засилувања во летниот преоден рок.
Една од најголемите нивни желби е Миралем Пјаниќ, фудбалерот за врска на италијанскиот првак Јувентус. Пари Сен Жермен, според француските медиуми, е подготвен да плати 80 милиони евра за ангажман на Пјаниќ, и на босанскиот интернационалец да му даде двојно поголема годишна плата од таа што ја заработува во редовите на „старата дама“. Останува да се види дали тоа ќе биде доволно убедлива понуда за Пјаниќ да се пресели на „Паркот на принцовите“.
Претходно ПСЖ се поврзуваше и со Пол Погба, но ситуацијата се промени откако Манчестер јунајтед најави дека ќе бара над 150 милиони евра за овој фудбалер, кој е во „војна“ со стратегот Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА