Спортистот на 20.век во Македонија, Шабан Трстена, е главен јунак на документарниот филм „Кобра“, кој вечерва беше официјално промовиран во Кино Милениум во Скопје.
Филмот е подготвен од стручниот тим на „Скопје филм студио“ во состав: режисер Томи Салковски, Игор Иванов, Владимир Павловски и Димитар Минов, а го обработува спортскиот живот на едно од најголемите македонски спортски имиња, неговите славни денови, пропратен со многу детали кои досега не беа познати на пошироката спортска јавност.
На промоцијата на филмот присуствуваа бројни личности од домашниот јавен живот.
Селекторот на поранешната репрезентација на СФРЈ во чиј дрес настапуваше тогаш Трстена, легендата на македонското борење Насе Насев, претседателот на МОК, Васил Тупурковски, поранешниот генерален секретар на МОК, Зоран Гапиќ, еден од најголемите инвеститори во борењето, спортскиот мецена Ванчо Чифлиганец, неговите колеги Зоран Шоров, Страшо Глигоров…, како и доајените на македонското спортско новинарство кои цел живот ги следеа неговите настапи, Атанас Костовски, Миодраг Мицковиќ, Кирил Манев, Зоран Михајлов…, како и бројни личности од домашниот спортски живот, беа на промоцијата на филмот во Кино Милениум…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА