Францускиот стратег Арсен Венгер ќе го напушти Арсенал по цели 22 години на крајот од сезоната во Премиер – лигата, а очигледно дека добро се спогодил со раководството на клубот. Покрај информациите дека тој бил принуден да си замине, затоа што му било порачано дека ќе добие отказ доколку самиот не се повлече, Венгер и добро се испазарил во џентлеменската спогодба.
Тој ќе добие 11 милиони фунти како отштета бидејќи ќе си замине една година пред истекот на актуелниот договор. Извршниот директор на клубот, Иван Газидис, за јавноста истакна дека Арсенал имал фантастична ера по раководство на Венгер, но сега е време за нови предизвици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА