Кјелце загуби од ПСЖ на домашен терен (28-34) во првиот натпревар од четвртфиналниот дуел во Лигата на шампионите, но за утеха, полскиот првак го има најубавиот гол на овој меч, во изведба на Дејан Бомбач.
Словенечкиот плејмејкер мајсторски ја издрибла одбраната на ПСЖ и со гол каков што ретко се гледа од зад грб, донесе изедначување за Кјелце на 4-4. Оваа мајсторија на Бомбач делуваше мотивирачки за противникот кој после тоа направи серија од 4-0 и наметна страотно темпо во кое го „сомле“ Кјелце и обезбеди победа која ПСЖ го носи чекор поблиску до Ф4 турнирот во Келн.
WATCH: It might have been a disappointing first half for @kielcehandball , but @DeanBombac ‘s early goal is worth watching … and rewatching … #MOTW #veluxehfcl pic.twitter.com/hMkQENryyR
— EHF Champions League (@ehfcl) April 21, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА