Пелистер е третиот патник, по Работник и Металург, на фајналфор турнирот од Купот на Македонија, откако битолчани успеаја да триумфираат во незгодната група што се играше во скопската населба Радишани.
Ракометарите на Бутел вчера приредија изненадување елиминирајќи го Охрид, но лидерот во првата лига немаше сили за уште една сензација, овојпат капитулирајќи пред „пелистерци“ со убедливи 22-31. Сите дилеми беа решени уште во првото полувреме кога гостите од Битола поведоа со 8-15, за потоа лесно да го привршат мечот до конечните „плус девет“.
Грузиецот Орјоникидзе со шест гола беше најдобар стрелец кај победничкиот тим, пред Јагуриновски, Маџовски и Чантурија со по четири. Кај Бутел најдобар поединец при денешниот пораз беше ПЕченковски со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА