Гисласон: И со „плус еден“ ќе беше тешко, а не вака…

ЕКИПА во Германија,

Симон Котларов, Наум Гештаковски

Стратегот на Кил, Алфред Гисласон, не можеше да го сокрие разочарувањето по очајниот финиш на својот тим и претрпениот пораз од Вардар. Иако е свесен дека задачата сега е премногу тешка, Гисласон сепак порача дека Кил ќе стори се за да им се реваншира на „црвено-црните“ во Скопје.

„Што да се каже по еден ваков натпревар, нормално дека сме разочарани по еден ваков пораз. И да победевме со еден гол разлика ќе беше тешко, а вака, при „минус еден“, јасно ни е колкав ќе биде предизвикот. Вардар цела сезона нема загубено дома, но ние нема да се откажеме, ќе сториме се за да стигнеме до триумф и пласман на Ф4“ – изјави Гисласон.

Се вчитува...