Канелјас: И кога не ни одеше останавме во игра

Жоан Канелјас беше еден од ретките што знаеше каква атмосфера ги очекува „вардарци“ во „Шпаркасе арена“, со оглед на неколкуте сезони минати во дресот на Кил. Тоа беше дополнителен мотив за шпанскиот ас, кој по крајот од натпреварот беше пресреќен поради големата победа.

„Горд сум на овој успех, завршивме многу добра работа во првото полувреме. Во второто се соочивме со големи проблеми, Кил го сврте натпреварот, но и кога не ни одеше останавме во игра и не се предадовме. Многу е значајно што имаме предност бидејќи се може да се случи на реваншот во Скопје. Ние не сме фаворити само затоа што победивме во Германија“ – претпазлив е Канелјас со оптимизмот во пресрет на вториот меч во СЦ „Јане Сандански“.

Текст: Симон Котларов

Се вчитува...