Келн ќе испадне од Бундес-лигата, но ќе го има и понатаму во своите редови репрезентативецот Јонас Хектор. Левиот бек на германската фудбалска репрезентација кој ќе игра и на Светското првенство во Русија, реши да го продолжи договорот со својот клуб, иако тој нема да игра во елитата. Ова дефинитивно е поим за верност. Хектор доби понуди од Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и од Јувентус, но одлучи да остане во Келн.
„Келн ми помогна да стигнам од Четвртата лига до репрезентацијата на Германија. Лесно би било сега да си заминам, но ова е единствената исправна одлука што можев да ја донесам“, изјави Јонас Хектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА