Актуелниот тренер на Ѓер и селектор на Романија, Амброс Мартин од следната сезона ќе го предводи Ростов Дон. Рускиот тим што ќе му биде противник на ЖРК Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот од ЛШ, денеска го официјализира едногодишниот договор со шпанскиот стратег, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Поранешниот шпански ракометар, тренерската кариера ја почна во 2003 година во Итхако со кој во 2009 година го освои ЕХФ Купот. Во 2012 од Итхако се пресели на клупата на Ѓер. Со унгарскиот тим, Мартин освои три титули во Лигата на шампионите, а во 2013 година го доби признанието за најдобар тренер во светот во женскиот ракомет.
На клупата на Ростов Дон, Амброс доаѓа на местото на Французинот Фредерик Бужан кој ќе го предводи рускиот клуб до крајот на сезоната, вклучувајќи го и настапот на Ф4 турнирот во Будимпешта, на кој Мартин ќе настапи со тимот на Ѓер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА