Рикиардо има „дил“ со Ферари?

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикиардо, веќе потпишал прелиминарен договор со тимот на Ферари. Според списанието „Мотоспорт“, Австралиецот се договорил со шефовите во Ферари да не преговара со други тимови до крајот на јуни.

Ако дотогаш двете страни постигнат договор, од Ферари ќе го официјализираат Рикиардо како замена за нивниот долгогодишен возач и последен светски шампион на Скудерија, Кими Раиконен.

Ако дојде до реализација на овој начелен договор, тогаш Рикиардо одново ќе биде тимски колега со Себастијан Фетел со кого беа заедно и во тимот на Ред Бул, пред Германецот да се пресели во Ферари.

Доколку не постигне конечен договор со Ферари, за Рикиардо остануваат отворени уште две опции – да потпише со тимот на Мерцедес каде ќе го замени Валтери Ботас или да ја продолжи соработката со Ред Бул.

Се вчитува...